Подобрувањето на инфраструктурата во Општината е неопходна, токму затоа на денешниот состанок на градоначалникот Марко Колев со претставници од Македонски железници и инфраструктура договорија отпочнување со реконструкција на 5 железнички патни премини.
Во април ќе се реконструираат премините на железничките пруги на Нов мост, Стар мост и Дворови, додека пак во јули се предвидени премините во Оризари и Речани, при што истите ќе се модернизираат со рециклирани гумени елементи.
Со ова значително ќе се подобри сообраќајот во овие делови и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.
Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!