Со ова Решение се врши избор на Здружението на граѓани „Плус публика” Велес, на кое како вршител му се делегира дел од надлежноста на Општина Велес во областа на културата – културната манифестација „Рацинови средби”.

Со избраното здружение ќе се склучи посебен договор за организација и реализација на делегираната надлежност, начинот и условите за вршење на надлежноста.

За својата работа, вршителот на делегираната надлежност поднесува наративен и финансиски извештај до Градоначалникот и Советот на Општина Велес.

Сите активности за вршење на делегираните надлежности, вршителот ќе ги спроведува во координација со Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технилогија и поддршка на Градоначалникот.

За реализација на делегираните надлежности, средствата се определуваат од Буџетот на Општина Велес, согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка за тековната година.

Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.

 

Образложение

 

Согласно член 22 став (1) точка 5 и член 24 став (2) од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02), Советот на Општина Велес изврши делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата на здруженија на граѓани од областа на културата со Одлука за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата – културната манифестација „Рацинови средби” („Службен гласник на Општина Велес” бр.01/23).

Согласно член 2 и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање и извршување на надлежноста од областа на културата – културна манифестација „Рацинови средби“ („Службен гласник на Општина Велес“ бр.03/23), Градоначалникот на Општина Велес објави јавен конкурс бр.08-1177/3 од 16.03.2023 година, за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Рацинови средби“.

Комисијата за разгледување и изготвување мислење на пријави на здруженија на граѓани за организирање и реализирање на културната манифестација „Рацинови средби” ги разгледа и изврши бодување и рангирање на доставените пријави од предлагачите согласно критериумите утврдени во член 6 од Правилникот.

Врз основа на горенаведеното и согласно Мислење со предлог за избор на здружение на граѓани бр.02-1177/12 од 24.04.2023 година изготврно од страна на Комисијата, се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

 

Правна поука: Против ова Решение може да се изјави приговор до Градоначалникот во рок од осум (8) дена по приемот на ова Решение.

 

 

Број 08-1177/13

25.04.2023 година

Велес


Решение