Велес е најубав кога е чист! Со таква мисла денес, на првиот ден на пролетта, ја започнавме еко-акцијата во која градоначалникот Марко Колев зема учество заедно со вработени од општинската администрација и јавното комунално претпријатие Дервен, советниците од Општина Велес, ученици од основните и средните училишта, Општинската организација на Црвен крст, претставници од градинката „Димче Мирчев“ и ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“, како и граѓани на Велес.
Градоначалникот Колев истакна дека посебно се радува дека неговото ветување за подобрување на хигиената во градот е веќе видливо, а тоа е мотив за да продолжиме со уште поголема грижа и во иднина. Токму затоа, оваа акција денес е само почеток на кампања „Сакај го Велес“, која ќе трае секој ден. 365 дена ќе се грижиме за хигиената, зеленилото и урбаната опрема во градот, да ги зачуваме, но и да создаваме нови!
Заедно, за поубав Велес !