Во тек е асфалтирањето на Плоштадот во Горно Оризари. Градоначалникот Колев денеска го посети Горно Оризари чиј центар добива нов лик.
Реконструкцијата на Плоштадот, на површина од околу 1.700 м² во Горно Оризари се реализира согласно Програмата за уредување на просторот на Општина Велес. За таа намена, од буџетот на општината се издвоени 2.355.280 денари со вклучен ДДВ. Градежните работи ги изведува Друштвото за градежништво „ИЗГРЕВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Велес“.