По завршувањето на земјените зафати и поставување на рабници денеска се става прв асфалтен слој на вториот дел од улица „Белградска“. Претходно, на овој дел од улицата се направи промена на водоводната мрежа и се изгради еден потпорен ѕид, а поставен е и фунадмент за вториот ѕид кој ќе биде изведен со префабрикувани бетонски елементи.

Овој проект се реализира во соработка со Владата и Министерството за транспорт.