Продолжуваат активностите за спас на езерото Младост. Јавното претпријатие Лисиче започна со расчистување на крајбрежјето на езерото и за таа цел во соработка со Министерството за земјоделство, шумартсво и водостопанство беше отстапена соодветна машина.
Денеска е распишан и јавен повик за хидрогеолошки истражувања за изведба на бушотините, а во фаза на изработка е и проект за санација на темелниот испуст.
Како долгорочно и трајно решение, Општина Велес во сопработка со Владата ќе работи на довршување на цевководот за поврзување на акумулациите Лисиче со Младост.
Општина Велес посветено и континуирано ќе ги спроведува активностите за еколошка обнова на езерото Младост.











