По минатонеделната средба на градоначалникот Марко Колев со жителите од наслеба Речани, континуирано се реализираат активности во насока на решавање на нивните проблеми и потреби. Службите на ЈКП Дервен активно работат на отстранување на дивите депонии а се чисти и канализационата мрежа во населбата.

Во изминатите денови ставено е во функција уличното осветлување кај Железен мост, а дополнително се врши пресметка за осветлување на уште една улица. Согласно можностите во наредниот период Општина Велес ќе работи на подобрување на дел од патната инфраструктура.