Покрај промената на светилките,  во тек е промена и на оштетените столбови од мрежата за улично осветлување. Средствата за промена на столбовите се предвидени во буџетот на Општина Велес за 2025 година со цел да се обезбеди комплетна функционалност на мрежата и естетика.

Со оваа инвестиција, дополнително ќе се постави улично осветлување и на Раштански пат со што ќе се реши повеќегодишен проблем на граѓаните од овој дел на градот.