По 24 часовен непрекинат работен процес викендов заврши бетонирањето на темелната плоча на подземната катна гаража во центарот на градот. Градежната механизација и работниците кои континуирано работеа едно деноноќие поставија 1.200 кубни метри бетон, со што заврши уште една фаза од изградбата на овој капитален објект со кој Велес ќе добие подземен паркинг на три нивоа и модерен градски плоштад.
Финансиските средства за изградба на овој капитален проект се обезбедени во соработка помеѓу Општина Велес, Владата и Министерството за транспорт.









