Интензивно се работи на реконструкција на училишната зграда во Башино Село со што во голема мера ќе се обезбедат подобри услови за одвивање на наставата. Поради дотрајаноста на училишната зграда во Башино Село, наставниот кадар и учениците се соочуваа со голем број проблеми кои ја отежнуваа наставата. Сега со оваа инвестиција проблемите во подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ ќе се надминат и учениците и персоналот ќе добијат пристојни услови за нормално и непречено одвивање на образовниот процес.