Продолжуваат градежните активности во Велес. Со стабилизирање на временските услови градежната механизација е активна на терен. Се довршуваат улиците во близина на Градскиот пазар. До крајот на оваа седмица се очекува да се санираат оштетените делови и да се постави втор асфалтен слој на улицата „Кресненско востание“ додека на улицата „Петре Прличко“ е прдвидено да се постават два слоја асфалт.