Во рамки на Скулпторската колонија 2023 „Велес отворена галерија“  се одржа панел дискусија на тема „Скулптурата во јавниот простор“. Говорници на панелот беа Ибрахим Беди, Ангел Коруновски, Марјан Стојаноски, Дамјан Ѓуров и Слободан Милошески. Тие дискутираа за обликување на градскиот простор во естетски контекст, скулптурата во комуникација со просторот и публиката како и за естетиката на апстрактната скулптура во јавниот простор. Се разгледуваа и локации низ Велес  на кои ќе бидат поставени скулптурите што треба да ги изработат  шестмина уметници во рамки на колонијата. Скултурите треба да бидат завршени до почетокот на февруари 2024 година.

Организатор на Скулпторската колонија 2023 е Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“.