9 Мај е денот кога се обединуваат два важни историски настани – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Оваа година овој ден го одбележавме со најмалите!
Дечињата од големата група од Објектот 2 “Сонце” при ОЈУДГ “Димче Мирчев” денес дојдоа во посета на Општина Велес, каде ни ги претставија земјите членки на Европската Унија и она по што тие се препознатливи. Секако, тука е и нашата Република Македонија која со својата убавина се простира во Европа.
Веејќи ги знаменцата што самите ги изработиле се упативме кон паркот пред Општината, каде истите симболично ги поставија на постаментот од знамиња кој за оваа пригода го изработи ЈКП Дервен.
Покрај овој настан и вчерашната еко-акција за чистење на островчето во Вардар, во рамки на активностите за одбележување на Денот на Европа, денес, со почеток во 18:00 часот, во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев”, ќе се реализира средба со млади „Youth talk со Europe house”, на која претставници на Европска куќа од Крива Паланка и младите од Велес ќе разговараат на теми поврзани со значењето на Европската куќа во својот град и можностите за младите кои таа ги нуди. Овие активности се поддржани од страна на Делегацијата на Европска унија и Европска куќа, Скопје.