Средните стручни училишта, Гимназијата и компаниите од Велес, во просториите на општината, денеска учествуваа на социјален дијалог за да се утврди потребата од профилиран кадар кој ќе ги задоволи потребите на компаниите.
Претставниците на училиштата ги истакнаа своите искуства со дуалните паралелки и соработката со социјалните партнери односно компаниите во кои учениците ја реализираат својата практична настава. Се разговараше за потребата од стипендирање на учениците кои скаат да се запишат во дуални паралелки и да се усовршуваат во одредена струка, како и за финансискиот надомест на компаниите кои ги отвораат вратите за практикантите.
На денешната средба беше презентирани концептот за Пост средно образование кој има за цел доквалификации за потребите на пазарот. Овој концепт треба да го спроведе Министерството за образование во соработка со бизнис заедницата и училиштата.
Во средните стручни училишта во Велес има дуални паралелки во кои учениците својата практична настава ја реализираат во компаниите со кои имаат склучено договор за соработка. Од наредната учебна година и Гимназијата Кочо Рацин ќе побара да отвори дуална паралелка за англиски јазик.
Социјалниот дијалог е дел од кампањата „Учи паметно – работи стручно“ чија цел е креирање на квалификуван стручен кадар, кој ќе произлезе од дуалното образование и ќе одговори на потребите и барањата на производствениот процес.