Се известуваат граѓаните дека од pонеделник,  21.11.2022 година од 08:00 часот Македонски железници во соработка со општина Велес ќе започне со реконструкција и модернизција на коловозот на патниот премин  кон село Оризари со елементи од рециклирана гума.

Во текот на изведувањето на градежните работи ќе се воспостави времена измена на режимот на одвивање на сообраќајот на овој патен правец.

За целото времетраење на изведувањето на работите пристапниот пат кон Оризари во целост ќе биде  затворен за секаков вид на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна  сигнализација  согласно проект за времен режим на сообраќај.

Сообраќајот  ќе биде пренасочен  и ќе се одвива  преку  пристапниот  асфалтен пат од  кај поранешна „Порцеланка“.

Градежните работи  во целост би требало да бидат завршени до понеделник, 28.11.2022 година.

Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат трпение и разбирање  во интерес на безбедно и квалитетно завршување на работите.