Се известуваат граѓаните на Велес дека од 24 март 2025 година започнаа активностите за изградба на подземната катна гаража  – фаза 1, во центарот на градот. Пред да почне изведбата на градежните активности, на теренот ќе бидат поставени соодветни сообраќајни знаци врз основа на проект за времен режим на сообраќај од страна на МВР-СВР Велес.

Во текот на изведувањето на градежните активности ќе се користи градежна механизација од различен вид и обем.

Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација со цел непречено, квалитетно и безбедно изведување на градежните работи, како и во интерес на безбедно одвивање на сообраќајот. Исто така да покажат разбирање и трпение  додека се изведуваат градежните работи.

Предвидено е градежните зафати за изградба на овој капитален проект да траат една година.