Општина Велес информира дека од денеска 17 септември, започнува реконструкцијата на улица „Ристо Папазов“ и дел од улицата „Браќа Петковиќ“ во Башино село. Во текот на изведувањето на градежните работи ќе се користи градежна механизација  од различен вид и обем, машини за кршење бетон, машини за ископ, транспортни возила и друго. На местото на изведување на градежните зафати ќе биде поставена и сообраќајна сигнализација како и информативни листови. Заради непречено и квалитетно изведување на работите се замолуваат граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да покажат трпение и разбирање додека се изведуваат градежните зафати.

Реконструкцијата на улиците ќе трае околу 30 дена.