Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност
Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 12 јуни 2025 (четврток), во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Третманот се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција. Одобрено од министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 03-162/1 од 15.04.2021 година.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.