Општина Велес, денес во раните утрински часови го започна третирањето против ларви од комарци. Третирано е крајбрежјето на езерото „Младост“, третманот го извршуваше операторот ЈЗУ Центар за јавно здравје –  Скопје. Активностите продолжуваат во текот на утрешниот ден, ќе се опфатат следните локации:

  • Делот „Јарбош“
  • Градскиот Парк
  • Стадион
  • Младински Парк
  • По течението на реката Вардар
  • Реонот на потокот и
  • Градските фонтани.

 

Третманот се врши со биолошки препарат кој како активна материја содржи Bacillus thuringiensis var. Israelensis познат и како BTI ларвицид за комарци во вид на кристали, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени, се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.

Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, и е предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2025 година. Обезбедени се буџетски средства за уште едно ларвицидно третирање.