Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, среда, 18 јануари 2023 година, во наредниот четиримесечен период ќе се одвиваат градежни работи за адаптација и преуредување на простор, дел од објект во сопственост на Општина Велес на улица „8 Септември” во централното градско подрачје (зградата на поранешното кино „11 Октомври”).

Поради тоа, Општина Велес апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на поставената вертикална и хоризонтална сигнализаијца, до пешаците за внимателно движење во овој дел од градот, додека пак до сопствениците на моторни возила за внимателно управување со истите. Истовремено, просторот во близина на овој објект ќе биде забранет за паркирање на моторни возила во целиот период додека се одвиваат градежните работи.

Архитектонскиот тим на „КЛ Студио“ ДОО, Скопје го изработи проектот за адаптација на просторот, додека пак градежните работи ќе ги изведува ДПТГУ „Делта-Пром” ДООЕЛ, Велес.

Со почит,

Општина Велес