Границата на планскиот опфат започнува, од северо-источна страна по осовина на ул. Благој Ѓорев до најјужна точка од каде опфатот поминува кон запад по граници на катастарски парцели, продолжува кон север по оска на ул Станбена 2, па по граница на катастарски парцели се до ул. Станбена 1 и ул. Станбена 6 кон север, па кон исток до ул. Пристапна 8, од каде се спушта кон југ до крајната точка по оски на ул.Станбена 7 и ул. Сервисна 2.

Во рамките на наведените граници, површината на планскиот опфат изнесува 9.73 ха.

Јавната анкета и Јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за дел од урбан блок 56 и дел од урбан блок 57, урбана единица 11, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување Соопштение во информацискиот систем е-урбанизам, во две јавни гласила и со излагање на Предлог планот во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена, од 22.09 до 26.09 2025 год., од 7,30 до 15.30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 25.09.2025 година во 12:00 часот во просториите на Општина Велес.


Соопштение
Графички прилог