Општина Велес Ве известува дека по повод денот на Европа, на 25 Мај 2025 година (недела), со почеток во 10:00 часот, во Градскиот парк во Велес ќе се одржи хуманитарна трка со наслов Сите за Кочани -Трчаме заедно

Овој настан има хуманитарен карактер, а со вашето учество директно помагате.Ве покануваме да ни се придружите во голем број и да покажеме солидарност.

Со цел безбедно и непречено одвивање на трката и движењето на учесниците, Градскиот парк ќе биде привремено затворен за возила од 09:00 часот до 14:00 часот на денот на настанот.

Ви благодариме за разбирањето и поддршката во реализација на овој важен настан сo хуманитарен карактер.