Се известуваат граѓаните кои живеат или гравитираат на улицата „Родна Ивева“ дека од утре, 17.11.2022 година ќе започне да се реконструира и тоа делницата на потегот од ширинката кај чешмата на спојот со улицата „Стојан Бурчевски Буридан“, па се до ширинката под резервоарот за водоснабдување кај Костурницата.
Во градежните активности се предвидува кршење на постоечката бетонска подлога, транспорт на шутот до депонија, земјени работи, тампонирање, бетонирање.
Се работи за должина на улицата од околу 300 метри. Градежните работи на улицата ќе бидат поделени во два дела – најнапред ќе се реконструира едната половина од должината на улицата во целост, а потоа другата половина од улицата.
Согласно условите на теренот ќе се користи градежна механизација од соодветен вид и обем. Во периодот на изведувањето на градежните работи, на делот каде ќе се работи, нема да се одвива сообраќај.
Ќе биде поставена соодветна сигнализација од страна на изведувачот.
Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, да покажат трпение и разбирање во периодот на изведувањето на работите.
Во зависност од временските услови, времетраењето на градежните работи би било до крајот на декември годинава.