Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од среда (27.07.2022 година ) ќе се започне со реконструкција на дел од улица „Љубен Весов“ – од спој со улица „Архиепископ Михаил“ до спој со улица „Кочо Рацин“.

Со реконструкцијата ќе се опфати  делот од улицата поплочен со коцка.

Со цел непречено одвивање на градежните работи се замолуваат граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци согласно Основен сообраќаен проект  за времен режим на сообраќај одобрен од МВР – СВР Велес и да не ги паркираат своите возила на делот од улицата предвиден за реконструкција.

При изведувањето на градежните работи ќе се користи  градежна механизација од различен вид – за ископ, за транспорт, за валирање и за асфалтирање.

Се апелира до граѓаните да покажат трпеливост и разбирање  во времетраењето на градежните работи, во интерес на безбедно и квалитетно извршување на реконструкцијата на улицата.

Се очекува градежните зафати да завршат за три недели.