Во пресрет на одбележување на Коледе и Бадник, а поради лошиот квалитет на амбиентниот воздух во текот на вчерашниот ден 04.01.2022г. со среднодневна концентрација на ПМ10 од 102,88 микрограми на метар кубен, Општина Велес ги известува граѓаните дека при палење на коледарските огнови (на било која локација во градот или во околината) најстрого е забрането користење на несоодветни и опасни материјали како: гуми, пластика, делови од мебел, материјали премачкани со боја и лепило, отпадно масло од автомобили и слично.

Воедно, Општина Велес апелира до граѓаните коледарските огнови кои се децениска традиција оваа година да се палат во контролирана форма за да не придонесат кон дополнително нарушување на квалитетот на амбиентниот воздух и да се намали ризикот за појава на пожар.

Да ја одбележиме вековната традиција, но постојано да имаме во предвид дека воздухот е загаден во овој период и дека треба да се однесуваме како одговорни граѓани кон околината во која живееме.

 

Со почит,

Општина Велес