Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои сакаат да аплицираат за субвенции, а немаат потврда за платен данок, да се јават во Граѓански сервис центар на  Општина Велес каде можат да поднесат  Барање за издавање на потврда за платен данок на имот. Доколку граѓаните немаат добиено решение за данок на имот со истото барање можат да наведат да им се издаде решение и по плаќањето да ја добијат потврдата за платен данок на имот.

Барањето, граѓаните можат да го превземат  во електронска верзија од системот за е-услуги на Општина Велес од следниот линк.

Службите на Општина Велес ќе им излезат во пресрет на граѓаните кои ќе понесат барања, со тоа што ќе им издадат Решенија за  данок на имот и ќе можат да го платат данокот и да аплицираат на јавниот оглас за субвенционирање на инвертер клима уреди, термални сончеви колектори и велосипеди.