Почитувани граѓанки и граѓани,

 

Ве известуваме дека во периодот од 17 септември 2021 година до 17 септември 2022 година ќе се изведуваат градежни работи на локацијата Градски пазар Велес за извршување на Проект за подобрување на општинските услугиу – ИПА компоненти – за „Изградба на Градски пазар Велес“. Работите ги изведува фирмата „БВ ИНЖЕНЕРИНГ“Битола ДООЕЛ, а инвеститор е општина Велес. Овој проект се реализира со заем во висина од 46 милиони денари, средства од Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и МСИП проектот со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население.
Со оглед на специфичната ситуација на терен и променетите услови за работа на Градскиот пазар во текот на изградбата ве известуваме дека:
-пазарот ќе работи континуирано на променета локација односно на постоечкиот паркинг покрај реката Вардар (во близина на угостителскиот објект Пармак)
-пазарот ќе работи во веќе утврдените пазарни денови, вторник, петок и недела
-трговците ќе можат непречено да вршат дотур на стока со возила од улицата „Петре Прличков“ (улицата која води кон автобуската станица). Доколку не користат возила (пеш или со колички) дотур на стока може да се врши и од вториот пристап кон пазарот кај Мало мовче.
-двата влеза за дотур на стока воедно ќе се користат и како влезови за купувачите на пазарот.
Општина Велес апелира до сите граѓанки и граѓани да ги прифатат новите услови за работа на пазарот и да имаат разбирање за променетите околности до завршувањето на изградбата на новиот Градски пазар.
Доколку корисниците на услугите на пазарот имаат какви било дополнителни прашања можат да се обратат за одговор во Одделение Пазари во ЈКП Дервен, кај одговорното лице Кире Арсов на телефонскиот број 071 234 – 904.