Соопштение до граѓаните,
Им се соопштува на граѓаните дека на ден 14.04.2025 година започнува акцијата „Чист град 2025“, во врска со оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини од нивните сопственици кои се оставени на јавните површини.
Акцијата ќе биде спроведена од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес во две фази и тоа:
- првата фаза ќе биде од превентивен карактер и ќе започне на 14.04.2025 год. со лепење налепници со рок на отстранување на моторните возила од јавните површини.
- во втората фаза ќе се преземат репресивни мерки со изрекување глоба од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес за оние кои не ги отстраниле моторните возила од јавните површини во дадениот рок .
Се замолуваат сите граѓани кои ги имаат оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини на јавните површини да ги отстранат, а со тоа ќе дадат придонес за чист град и здрава животна средина.


