Се известуваат граѓаните на општина Велес дека во текот на следните денови ќе се вршат градежни активности – крпење на ударни дупки на асфалтни улици на повеќе локации низ градот .
Во текот на изведувањето на градежните работи ќе се користи градежна механизација , ќе се поставува соодветна сообраќајна сигнализација .
На одредени локации можно е да дојде до успореност и отежнато одвивање на сообраќајот.
Се молат граѓаните на општина Велес да покажат трпение и разбирање во периодот на изведување на работите .