Превентивна кампања на СВР Велес во соработка со Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво насочена кон младите од Општина Велес !

На подрачјето на градот Велес, во саботата на 22.07.2023год. започна превентивната кампања „Соседска патрола“.

Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво, претставници на локалната самоуправа, Локалниот Совет за превенција, Центарот за социјални работи Велес, како и родители, во периодот од 21.00 до 02.00 часот, извршивме превентивна обиколка на угостителските објекти, како и на местата на отворен простор каде во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.

Целта на кампањата е превентивно да делуваме и да направиме увид каде и како се забавуваат нашите деца во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски објекти и други јавни места најчесто ги посетуваат и кои се можните предизвици со кои се соочуваат.

Овие „Соседски патроли“ треба да придонесат кон зголемување на степенот на безбедноста и да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите.

Кампањата продолжува со вакви и слични активности и во наредниот период !