Гимназијата низ историјата
Градот Велес е меѓу првите, ако не е и прв град во Македонија каде почнува да се реализира повисоко образование од основното, гимназиското или како во тој период се нарекувало полугимназијално образование на народен т.е. словенски јазик. Многу причини кои меѓусебе се условуваат и дополнуваат, влијаат за развојот на просветното дело во градот. Меѓу нив можат да се набројат следниве:
- Никогаш непрекинатата словенска писменост за што значајна улога одиграле метосите од Рилскиот, Зогафскиот, Дечанскиот и другите манастири.
- Раната појава на богатите луѓе – чорбаџии, главно трговци, кои биле доста влијателни пред турските власти во градот.
- Појавата на голем број трговци и занаетчии во Велес во периодот на XIX век кои пројавиле голем интерес за ширењето на словенската писменост во градот.
Мисија
Мултикултурно училиште кое ги афирмира современите стандарди и димензии на образованието и воспитанието почитувајќи ги индивидуалните потреби на учениците.
Визија
Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот