КОНТАКТ ИНФО

Адреса:
ул. Благој Ѓорев бр.40, 1400 Велес
Работно време:
Понеделник – Петок
Прва смена: 07:30 – 13:30 часот
Втора смена: 13.30 – 19.30 часот
Телефон (централа):
043 212 535
Телефон (факс):

Е-пошта
gimkocoracin@gmail.com
Веб страна
www.gimkocoracin.edu.mk


СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“

Гимназијата низ историјата
Градот Велес е меѓу првите, ако не е и прв град во Македонија каде почнува да се реализира повисоко образование од основното, гимназиското или како во тој период се нарекувало полугимназијално образование на народен т.е. словенски јазик. Многу причини кои меѓусебе се условуваат и дополнуваат, влијаат за развојот на просветното дело во градот. Меѓу нив можат да се набројат следниве:

  1. Никогаш непрекинатата словенска писменост за што значајна улога одиграле метосите од Рилскиот, Зогафскиот, Дечанскиот и другите манастири.
  2. Раната појава на богатите луѓе – чорбаџии, главно трговци, кои биле доста влијателни пред турските власти во градот.
  3. Појавата на голем број трговци и занаетчии во Велес во периодот на XIX век кои пројавиле голем интерес за ширењето на словенската писменост во градот.

Мисија
Мултикултурно училиште кое ги афирмира современите стандарди и димензии на образованието и воспитанието почитувајќи ги индивидуалните потреби на учениците.

Визија
Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот



ГОДИШНА ПРОГРАМА

Годишна програма за работата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ за 2019/2020 година Превземи документ


ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Годишен извештај за работата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ за 2018/2019 година Превземи документ


ГОДИШЕН ФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ И ЗАВРШНА СМЕТКА

Годишен извештај за работата и завршна сметка на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ за 2019 година Превземи документ


САМОЕВАЛУАЦИЈА

Смоевалуација за 2019-2021 година на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“  Превземи документ