При крај се градежните зафати околу реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Васил Главинов“. Се реновираше таванот на салата, се санираа ѕидовите, се промени и подот. Реновирањето ги опфати и соблекувалните и тоалетите со што се комплетира новиот лик на спортската сала. Предвидено е да се постави и обезбедување на спортската опрема.

Со реконструкцијата на спортската сала учениците од ова училиште како и клубовите кои ја користат ќе добијат модерно опремен простор и подобри услови за спорт и рекреација.