Наскоро ќе започнат градежните работи за спортско –рекреативниот комплекс во населба Превалец. Градоначалникот Марко Колев, заедно со општинските служби денеска беа на предвидената локација за реконструкција на спортските терени на кои ќе се поставува нова урбана опрема. Изведувачот на градежните работи е избран и во наредните денови ќе се отпочне со работа на терен.

Со оваа инвестиција граѓаните од населбата ќе добијат современи терени за спорт и рекреација.