По повод Велигден, градоначалникот Коцевски оствари средба со претставници на Повардарска епархија, Протаереј-ставрофор Славе Јованов и Парохискиот свештеник Јованче Илиев, во име на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На средбата се разговараше за значењето и одбележувањето на овој голем христијански празник во храмовите во услови на светска пандемија со Ковид 19. Свештениците и градоначалникот Коцевски изразија задоволство од начинот на организирање и одбележување на празникот од страна на Повардарска епархија како и од страна на верниците кои ги посетија и сѐ уште ги посетуваат црквите. Граѓаните покажале особена претпазливост и внимателност при посетата во храмовите при тоа почитувајќи ги сите заштитни мерки.
Претставниците на Повардарска пархија и градоначалникот Коцевски изразија голема благодарност и уште еднаш им посакаа на граѓанките и на граѓаните на Велес добро здравје, мир и благосостојба.