На 5 август 2021 година истече рокот за поднесување документација за добивање сончеви термални колектори и за велосипеди, извести градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

„За сончеви термални колектори се поднесени 43 барања, а за велосипеди, 93. Во периодот што следи комисиите ќе одлучат по поднесените барања, а средтвата на граѓаните ќе им се исплатат по завршување на локалните избори.

Најголем интерес граѓаните покажаа за субвенционирање на инвертер клима уреди”, рече Коцевски.