КОНТАКТ ИНФО

Адреса:
ул. Благој Ѓорев бр.40, 1400 Велес
Работно време:
Понеделник – Петок
Прва смена: 07:30 – 13:30 часот
Втора смена: 13.30 – 19.30 часот
Телефон (централа):
043 232 541
Телефон (факс):

Е-пошта
dimitrijacupovski_ve@yahoo.com
Веб страна
www.dimitrijacupovski-ve.mk


СРЕДНО СТУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

„Димитрија Чуповски“средното стручно училиште од Велес постои и успешно активно работи на полето на воспитнообразовнaта дејност цели седум децении. Почетоци на ова средното училиште се бележат во далечната 1946 година, како отсек на средното техничко училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје. Од 1956 година хемиско-технолошкиот остек од Скопје е преместен во Велес како прво хемиско-технолошко училиште во Република Македонија именувано како „Борис Кидрич“. До 1992 година училиштето го носи името „Борис Кидрич“, а од 1992 година е преименувано и денес гордо го носи името на македонскиот револуционер и деец Димитрија Димов Чуповски. Во периодот на 70-годишното постоење училиштето се развива и ја проширува својата палета на струки и профили од хемиско-технолошката струка, текстилната струка, металуршката струка, во зависност од потребите на пазарот на трудот, локалната средина како и пошироко.
Во почетокот училиштето е отворено поради потребите за индустријата која во градот Велес веднаш по ослободувањето била во се поголем подем.Напоредно со развојот на индустријата се развива и училиштето со проширување на профилите и струките:

  • Металуршка струка за потребите на Топилница за цинк и олово „Злетово“ профилите:
  1. Металуршки техничар со 4-степен
  2. Топилничар –леар со 3-степен
  • Хемиско-технолошката струка за потребите на хемиската индустрија и за потребите на керамичката индустрија профилите:
  1. Производител на вештачки ѓубрива со 3-степен
  2. Керамичар за производство на груба и благородна керамика со 3-степен
  3. Производител на градежни материјали со 3-степен
  • Текстилно-кожарската струка за потребите на текстилно-кожарската индустрија профилите:
  1. Предач со 3-степен
  2. Текстилен техничар-конфекционер со 4-степен

Учебната 2000/2001 година е значајна за постоењето на училиштето затоа што со одлука на МОФК е отворена нова здравствена струка со профил фармацевтски техничар. Ова одигра значајно влијание особено бидејќи во општината беше се помал интересот за изучување на хемиската струка заради затворањето на поголемиот дел од хемиската индустрија, а училиштето со својот наставен кадар се потруди да ги следи „новите трендови“ и да нуди струки и профили кои се атрактивни и кои нудат поголема можност за вработување или самовработување по завршувањето на образованието.
Ова продолжи и во наредниот период-палетата на здравствената и на хемиско-технолошката струка се прошири со повеќе профили и тоа:

  • медицинска сестра –техничар по FARE програма во учебната 2004/05 година – медицинска сестра реформирано образование
  • физиотерапевтски техничар во 2006/07 год.
  • прехранбен техничар 2006/07 год.
  • медицинско-лабораториски техничар 2008/09 год.

Во истата учебна 2008/09 година беше отворена нова струка:

  • лични услуги –козметички техничар.

Во рамките на хемиско-технолошката струка 2009/10 год. по барање на прехранбената индустрија се отвори профилот преработувач на месо и млеко, а во 2010/11 година се запишаа ученици во профилот нутриционист.
Како што може да се забележи во склоп на уписната политика на училиштето се ротираат струките и профилите според потребите на пазарот на трудот и во соработка на локалната средина. Оваа практика се продолжува и секоја година во училиштето се отвора нова и атрактивна струка со која се привлекуваат сите заинтересирани деветоодделенци токму тука да го продолжат своето средно образование.

Во учебната 2017/2018 година во средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ со образование се стекнуваат кадри од хемиско-технолошката, здравствената струка и лични услуги. Во училиштето се реализира стручно образование и обука согласно со Законот за средно образование, курикулумите на училиштето, постоечките струки и образовните профили. Во досегашната воспитно-образовна работа на училиштето со средно стручно образование се стекнале голем број на ученици кои успешно се вклопиле на работни места во здравството и индустијата, како во државниот така и во приватниот сектор, а голем број од нив го продолжиле образованието на високошколските институции во земјава и пошироко.
Во оваа насока е прилагодувањето и постојаното навраќање на наставниот кадар кон поставената Мисија и Визија на училиштето, за нивна реализација во склоп на потребите на деловната заедница во локалната средина.



ГОДИШНА ПРОГРАМА

Годишна програма за работата на ССОУ „Димитрија Чуповски” за 2019/2020 година Превземи документ


ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Годишен извештај за работата на ССОУ „Димитрија Чуповски” за 2018/2019 година Превземи документ


ГОДИШЕН ФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ И ЗАВРШНА СМЕТКА

Годишен извештај за работата и завршна сметка на ССОУ „Димитрија Чуповски” за 2019 година Превземи документ