Членовите на музичкото трио „Окарина“, проф. Веселинка Маџарова, м-р Илија Настовски и м-р Трајче Малинов одржаа концерт на староградски песни во салата „Бели Мугри“.

Успешното творење на триото беше презентирано преку изведби на композиции од Сашо Ливрински и Томислав Зографски како и обработки на Трио „Окарина”на вечерашниот концерт насловен „Староградска класика“, кој е во рамки на програмата на „Велешко лето 2021“.