Во чест на Рацин, ултрамаратонците утрово го започнаа ултрамаратонот до Лопушник, местото на погибјето на великанот Коста Солев Рацин. Петмината маратонци треба да истрчаат 156 километри до сабота, 13 јуни, денот кога во 1943 година е убиен Рацин
Градоначалникот Марко Колев ги испрати маратонците и им посака поволни временски услови и во добро здравје да го истрчаат маратонот и безбедно да стигнат на местото на денот на погибјето, каде ќе бидат пречекани од делегација на Општина Велес.
Ултрамаратонот е дел од Програмата за одбележување на 63. Рацинови средби.






