Граѓаните ќе имаат можност да се насмеат на изведбата на најпопуларната монокомедија „Бескомпромисен стенд ап“ на актерот и драматург Семир Гициќ. Со неговиот автентичен израз и хумор, Гициќ ќе ги прикаже животните ситуации и предрасуди во кои секојдневно живее обичниот човек.
Стенд ап комедијата е изведена повеќе од 100 пати во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и пошироко, и насекаде ги полни салите со публика.
„Бескомпромисен стенд ап“ ќе ја има својата премиера во Велес вечерва, 25 јули, во Амфитеатарот во Младински парк со почеток во 21 часот. Комедијата е дел од програмата на Велешко лето 2024.