По објавените јавни повици за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед и инвертер клима за 2026 година, комисијата ги отвори пристигнатите барања за субвенционирање и согласно одлуката, изборот ќе го реализира по принципот  „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.

Извлекувањето на барањата ќе се изврши на 16 јули 2026 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на Општина Велес, на youtube каналот на Општина Велес.

Резлутатите од извелкувањето ќе бидат објавени на веб страницата на Општина Велес и на социјалните мрежи.