Културно поетска манифестација по повод јубилејните 60. Рацинови средби се одржа во Спомен Костурницата во Велес. Пред присутните гости, во чест на Рацин се обрати градоначалникот Марко Колев. Тој рече дека овие средби се обединети под слоганот „Рацин без компромис“ и преку него го славиме неговото наследство, јазикот и културата.

На свеченоста му беше врачено и „Рациновото признание“ на годинешниот добитник, писателот Блаже Миневски за романот „Ако се родат некакви чувства.

Честа да ја одржи „Беседата за Рацин“ годинава му припадна на реномираниот писател д-р Васил Тоциновски кој со возвишеност и восхит зборуваше за биографијата и творештвото на велешкиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература.

Во рамки на програмата за јубилејните Рацинови средби се одржаа и два театарски перформанси.