На заедничкото чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун граѓаните ќе имаат можност да дегустираат добри вина од локалните винарии Шато Сопот, Old School, Тристо и Wine Gallery, како и вкусни специјалитети од Гостилница Снупи. За добра забава ќе се погрижат Стакато бенд, Тони Андреев, Harmony Band, Мими Јовановска заедно со бендот на браќа Нуне и Отсекот за традициски инструменти при ООМУ „Стефан Гајдов“.

Манифестацијата по повод Свети Трифун ќе се одржи на 14 февруари (среда) во Младински парк со почеток во 12:00 часот.

Ве очекуваме заедно да го прославиме големиот христијански празник, заштитникот на лозарите, со добро вино, вкусна храна и добра забава.