Полуфиналниот натпревар помеѓу Шпанија и Франција на светското првенство во фудбал, вчеравечер ги собра фановите и љубителите на фудбалот на едно место. Возбудливата игра во живо се емитуваше во Амфитеатар во рамки на Велешко лето. И едните и другите ги бодреа своите фаворити но сепак на крај се радуваа фановите на Шпанија.
Преносот продолжува вечерва во 21:00 часот со второто полуфинале каде силите ќе си ги одмерат екипите на Аргентина и Англија. Ве очекуваме заедно да го проследиме фудбалскиот натпревар и да дознаеме која од овие две екипи ќе и се придружи на Шпанија во финалето на ова првенство и ќе го добие приматот светски првак.