Денеска се изврши технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар. На техничкиот прием присуствуваа претставници на фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган пд МБМ Инженеринг, претставници од ЈКП Дервен како и од Општина Велес.
Присутните извршија увид на целиот објект и помошните простории. Во рок од осум дена изведувачот треба да ги отстрани сите недостатоци утврдени при увидот на објектот.
Во меѓувреме се изработува металниот дел од оградата на пазарот.
Во тек се подготовки за изработка на парапетен ѕид како и изработка на нова траса за фекалниот колектор.
Кога ќе се создадат соодветни услови тезгите од сегашната локација ќе бидат префрлени во новоизградениот дел на пазарот.