Во организација на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво денеска во средното училиште „Гимназија Кочо Рацин“ се одржа предавање за безбедноста во сообраќајот. Пред присутните средношколци за значењето на нивната безбедност како директни и индиректни учесници во сообраќајот зборуваше претставникот на Адвокатската комора на Македонија и член на ОСПДП адвокат Грозданчо Сутинов.

Целта на предавањето е да се подигне јавната свест кај средношколциет за подобрување и зголемување на безбедноста во сообраќајот низ градските улици. Средбата на учениците со претставниците на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво беше интерактивна со многубројни прашања и предлози за намалување на бројот на сообраќајните незгоди во кои не ретко учесници се и самите ученици.

Предавања за безбедноста во сообраќајот ќе се одржат и во другите средни училишта во градот.