Со показни вежби и презентација на возила и опрема, Територијалната противпожарна едница Велес, на 20 Мај, ќе го одбележи Денот на пожарникарите. Настанот ќе се одржи во просториите на ТППЕ Велес со почеток во 10:00 часот. Учениците од основните училишта и децата од градинката „Димче Мирчев“ ќе имаат можност одблиску да се запознаат со работата на пожарникарите, да проследат симулации на интервенции и да ја разгледаат специјализираната опрема што пожарникарите ја користат при спасувачки акции. Истовремено ќе имаат можност да се дружат со храбрите луѓе кои секојдневно се грижат за нашата безбедност.


