Бадникова поворка и годинава ќе го најави Христовото раѓање. Традиционално, поворката составена од стотина дечиња,  ќе ја помине познатата рута, од црквата „Свети Кирил и Методиј“ до општинската зграда. Пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“, дечињата ќе го најават најрадосниот чин, раѓањето на Исус Христос и ќе не потсетат на големината и значајноста на овие денови.

Во сабота, бадниковата поворка ќе тргне во 10:45 часот од црквата, ќе се движи по улицата „Благој Ѓорев“ до кружниот тек, а потоа ќе се упати кон зградата на Општина Велес, каде градоначалникот Марко Колев ќе ги пречека и ќе им подели божиќни пакетчиња.