Течат подготовките за петтото издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин“. Веќе е утврдена патеката за трчање која од страна на Атлетската федерација на Македонија ќе биде лиценцирана со Ц лиценца во соработка со Интернационалната асоцијација за истрајно и маратонско трчање и согласно стандардите на Светска Атлетика.
Стартното место и финишот на трката се пред Гимназијата „Кочо Рацин“ со три попатни окрепни станици. Доделувањето на финишерите и наградите за најдобрите ќе биде во дворот на училиштето каде што за посетителите и учесниците ќе има забавен и изложбен дел.
Покрај паричните награди предвидени во главните категории на пет и 10 километри во машка и во женска конкуренција, ќе бидат доделени и награди од спонзори на трката за најдобрите до 7. место, екипно и во возрасни категории.
По завршувањето на главната трка ќе се одржи и детската трка поделена во возрасни категории
Јубилејбното издание на „Трчаме за Рацин“ ќе се одржи на 31 мај кога сите заедно ќе му оддадеме почит на великанот со кој се гордееме.
ПРИЈАВИ СЕ – Трчаме за Рацин 2026


