Третата фестивалска вечер на ИФФ „Велес 2024“ помина во одлична атмосфера во преполниот Амфитеатар.  Со македноски народни песни настапија членовите на „Распеани пензионери“, а веднаш потоа на сцената се појавија гостите од Словачка со традиционален сплет од народни песни и ора. Забавата продолжи со членовите на ЦК „Бели мугри“ од Македонија, а вистинско уживање приредија играорците ФА „Миорита“ од Романија. На задоволство на посетитетлите на сцената се појавија и играорците на ФА „Тиквеш“ од Македонија, фолклорниот ансамбл „Јагитика“ од Украина,  велешкиот ансамбл  на „Керамичар“ и за крај „Кочаели фолклор“ од Турција.

Фолклорниот фестивал завршува вечерва со настапот на Ансамбл „Брзозоки“ од Полска, ФА „Миорита“ – Романија, КУД  „Никола Карев“ од Австралија, ФА „Јагитика“ од Украина,  „Кочаели фолклор СК“ од Турција, ФС „Вах“ од Словачка и ФА „Вила Зора“ од Македонија.

Сите слики може да ги превземете на следниот линк: https://we.tl/t-IgvQQNghyI